Се покануваат студентите да земат учество во фотоконкурсот во категоријата „Жива природа“, главната награда изнесува 500 евра и фототурнеја

Се покануваат студентите да земат учество во конкурсот на фотографии на жива природа, којшто се одржува во рамките на меѓународниот конкурс за фотографии „Прекрасна природа – „Фотографија на годината“ во категоријата „Жива природа“. Конкурсот е предвиден како за професионални фотографи, така и за аматери. Рокот за поднесување на фотографиите е до 17-ти февруари 2020 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 05-ти април 2020 година. Победниците во петте категории ќе добијат по 300 евра секој, а авторот на „Фотографијата на годината“ во категоријата „Жива природа“ ќе ја добие главната награда во износ од 500 евра. Покрај главната награда, победникот ќе може да земе учество на 4-дневната фототурнеја, којашто чини 800 евра. Сите фотографии коишто добиле награда ќе бидат објавени во книга.

Формулар за пријавување за конкурсот Подетално за конкурсот

Извор: student.si