Се покануваат студентите и дипломците од словенечките образовни установи да земат учество во Националната универзијада по шах

Актуелните студенти од сите словенечки високи и средни професионални обрзовни установи, нивните редовно вработени, а исто така и дипломците, кои што ги завршиле или ќе ги завршат студиите во периодот од 01-ви јануари до 26-ти ноември 2019 година, се покануваат да земат учество на Националаната универзијада по шах за 2019/2020 академска година. Настанот ќе се одржи во вторник, на 26-ти ноември 2019 година во просториите на Шаховската федерација на Република Словенија, на следната адреса: Бравничарева улица, 13, Љубљана. Организатор на турнирот е шаховскиот клуб En Passant. Директор на турнирот е светскиот велемајстор Ана Сребрнич (031 376 897).

Овој турнир е натпревар за избор за Светската универзијада по шах (која ќе се одржи од 11-ти до 16-ти септември 2020 година во Бигодише, Полска) и Европската универзијада (која што ќе се одржи од 12-ти до 22-и јули 2020 година во Белград, Србија). Блиц турнирот ќе се одржи во три категории: професионална (жени); професионална (мажи); аматери (играчи со словенечки национален рејтинг 1350 и помалку).

Националната универзијада по шах ќе се одржи според правилата на (ФИДЕ) за блиц турнири, според швајцарскиот систем во 11 тури; контрола на време: 3 минути + 2 секунди на партија за секој играч.

Пријавите за учество се доставуваат до 20-ти ноември до 17:00 часот. Исто така дополнителна регистрација ќе има на денот на турнирот од 16:30 до 16:45 часот на адресата на одржување на натпреварот.

Подетално за универзијадата Формулар за пријавување на универзијадата

Извор: efnet.si