Се покануваат студентите и дипломците – специјалисти од областа на информатиката на IZUM Hackathon 2019

Во сабота, на 30-ти ноември 2019 година, на Институтот за информатички науки (Марибор, Прешернова, 17), ќе се одржи IZUM Hackathon 2019 – прв хакатон, насочен кон разработка на креативна и едноставна апликација за Android, која што чита бар код и ја повикува веб службата REST (JSON). Апликацијата треба да може да чита бар кодови, минимум – Code 93 и UPC A.

Се покануваат да земат учество сите девелопери, програмери, истражувачи, иноваторти од областа на информатиката. Посебно се покануваат студентите и дипломците од техничките и природните науки. Секој учесник мора да има со себе лаптоп, кој што ќе може да се приклучи на безжичен интернет и смартфон со Android оперативен систем.

Натпреварувањето ќе биде индивидуално. Секој учесник ќе треба да претстави свој авторски проект во облик на работна апликација. Учество можат да земат само полнолетни лица.

Најдобрите решенија ќе бидат парично наградени:

  1. 1 место: 400,00 евра
  2. 2 место: 200,00 евра
  3. 3 место: 100,00 евра

Секој учесник ќе добие симболичен подарок. Оброк кој што ќе го обезбеди организаторот.

Максимален број на учесници – 20. Пријавите за учество треба да се достават не подоцна од среда, 27-ми ноември 2019 година, или до пополнувањето на слободните места.

Подетално за настанот Формулар за пријавување

Извори: feri.um.si, izum.si