Се покануваат студентите на бесплатно учество на конференцијата за етичко хакирање HEK.SI 2019

4-5 април 2019 година во просториите на  Изложбениот конференциски центар во Љубљана ќе се одржи дводневна конференција HEK.SI 2019. Таа се смета за најголем настан во областа на етичкото хакирање во Словенија. Конференцијата, која што секоја година се одржува на пролет, претставува практично знаење од најдобрите експерти во наведената област од Словенија и од другите земји.

Во текот на конференцијата, учесниците од прва рака ќе дознаат за примерите на етичките хакерски напади, на нив исто така ќе им бидат претставени ефикасни начини за заштита од хакирање, како во бизнисот така и во приватниот живот.

Да потенцираме дека конференцијата се одржува веќе 7 година по ред. Учеството на студентите е бесплатно. Пријавувањето за учество во конференцјата трае до 4 април 2019 година.

Пријава

Прашања: kristina.veliscek@palsit.com

Извор: efnet.si