Се покануваат студентите на скијање со ELSA NG

Во четврток, на 13-ти февруари 2020 година, во туристилкото место Церкно ќе се организира масовно скијање. За учесниците ќе биде организиран автобуски превоз (13-ти февруари 2020 година од 07:00 часот од станицата Долг мост). Во рамките на настанот предвидена е забавна анимациска програма. Како што забележуваат организаторите, студентите ќе можат да се релаксираат после напорната сесија и да соберат сили за учебниот период којшто следува.

Цената за учество е 15,00 евра (за членовите на студентското здружение ELSA NG); 19,00 евра (за останатите студенти) – со плаќање однапред. Во цената се вклучени патните трошоци за едно лице, патарина, паркинг, туристичка придружба во туристичкиот центар.

Регистрација та за учество е отворена до 09-ти февруари 2020 година.

За повеќе информации обратете се кај: Ник Раздевшек, на следниот телефонски број: 041 400 252, или на следната електронска адреса: novagorica@si.elsa.org

Извор: facebook.com