Се покануваат студентите од Alma Mater Europaea да соработуваат со Универзитетскиот клинички центар од Марибор

Се покануваат студентите од програмата „Медицинско-санитарна помош“ Alma Mater Europaea да соработуваат со Универзитетскиот клинички центар од Марибор, оваа соработка предвидува привремено вработување на студентите и помош при укажување на медицински услуги на пациенти.

Во зависност од интензитетот на работата саатницата ќе биде од 6,50 евра на час нето (поголемиот дел од одделенијата) до 7,50 евра на час нето (одделенијата за интензивна терапија). Конкретните работни задачи ќе бидат определени соодветно актуелните потреби.

Пријавите треба да се достават на следната електронска адреса: nejc.centrih@student.um.si. За повеќе информации јавете се на следниот телефонски број: 041 465 460.

Извор: sl-si.facebook.com