Сe покануваат студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот од Марибор да земат учество во проектот „Safelight“

Се покануваат студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот од Марибор да земат учество во проектот „Safelight. Поставување на повеќефункционален семафор во смарт срадска средина“, којшто се реализира во рамките на програмата „Работа со економските и неекономските сектори на локално и регионално ниво – По креативен пат до знаења 2017 – 2020“. Организатори: факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот од Марибор, NIGRAD, komunalno podjetje, d. d. и SWARCO LEA d.d.

Реализацијата на проектот е предвидена да трае пет месеци (максимум 200 часови). Плаќањето по час: 5,38 евра на час нето (6,39 евра на час бруто).

Разработка и имплементирање на повеќефункционални семафори во градската средина ќе овозможи проектирање на црвено светло на пешачките премини со помош на хоризонтална сигнализација, којашто пешаците ќе можат да ја видат дури со периферниот поглед. Проектот ќе овозможи да се контролираат параметрите на животната средина и да се постави основа за управување со „смарт“ транспортните средства. Поставените сензори ќе овозможуваат мерење и прикажување на нивото на тврди честички во воздухот, коишто се резултат на сообраќајот, а исто така да го утврдат нивото на бучава во микро реонот.

Се покануваат да земат учество:

  1. 1 студент од додипломската студиска програма „Инженерство за транспорт“,
  2. 1 студент од магистерската студиска програма „Инженерство за транспорт“,
  3. 1 студент од магистерската студиска програма „Архитектура“,
  4. 1 студент од магистерската студиска програма „Психологија“,
  5. 1 студент од додипломската студиска програма „Техничка заштита на животната средина“,
  6. 1 студент од додипломската студиска програма „Телекомуникации“,
  7. 1 студент од додипломската студиска програма „Технологија на транспорт и логистика“.

За време на реализацијата на проектот учестниците треба да имаат статус на активен студент на бараната студиска програма, не треба да бидат во работен однос, да не бидат самовработени, да не се пријавени во Службата за вработување како невработени лица или да бидат приватни претприемачи.

Во случај да пристигнат повеќе пријави од предвидените слободни места ќе се одржи избор на кандидати со земање во предвид на нивниот среден успех и резултатите од интервјуто. Предност имаат студентите, коишто сеуште не учествувале во проектите на програмата „По креативен пат до знаења“.

Пријавите за учество треба да се достават не подоцна од 09-ти февруари 2020 година на следната електронска пошта: matej.moharic@um.si. Во полето „Тема“ треба да е наведе: „Prijava na projekt PKP 2020 – Safelight“. Пријавата треба да ги содржи следните информации:

  1. име и презиме,
  2. адреса на постојано место на живеење,
  3. адреса од електронската пошта,
  4. телефонски број,
  5. електронски идентификациски број на жител на општината,
  6. називот на студиската програма,
  7. степенот на образование според Болоњскиот систем,
  8. дали сте учествувале веќе во проектите на програмата „По креативен пат до знаења“: ДА/НЕ,
  9. кратко резиме.

Извор: fgpa.um.si