Се покануваат студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор да земат учество во проектот за создавање на подземен музеј

Се покануваат студентите од факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот од Марибор да земат учество во проектот „Музеј на индустриското наследство на градот Марибор. Интердисциплинарен приод за разработката на идеи за отварање на Музеј за индустриско наследство на градот Марибор – под Тезно“. Проектот се организира во рамките на отворениот конкурс „По креативен пат до знаења 2017-2020“. Организатори се факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор, Cona Tezno d.o.o., Arhitekt Šmid d.o.o.

Во рамките на интердисциплинарните семинари ќе биде разработен нацрт проект за подземниот музеен комплекс в регионот Тезно во Марибор. Концептуално проектот за подземен музеј ќе биде посветен на прашањата за инфраструктурно препланирање на подземните тунели за безбедно организирање на екскурзии (со времетраење од деведесет минути). Во рамките на интердисциплинарниот проект ќе бидат решени прашањата за создавање на зона за одмор со информациски центар, обезбедување на безбедност за посетителеите и вработените, содржинско и информацицко оформување на музејскиот комплекс со специфична техничка инфраструктура за функционирање на подземниот изложбен комплекс (гардероби, тоалети, информациска соба, кино сала и така натаму).

Со отворањето на подземниот музеен комплекс во Тезно Марибор ќе создаде еден од клучните објекти на индустриското наследство и од гледна точка на содржината, една од најинтересните програми и објекти за културна и туристичка понуда во градот, регионот и во Република Словенија. Подземниот објект за индустриско наследство ќе обезбеди информација за тоа, што се случувало во градот за време на Втората светска војна, а исто така за развојот на индустрискиот комплекс во Тезно.

Се покануваат да земат учество во проектот:

  1. 4 студенти од магистерската судиска програма „Архитектура“
  2. 2 студенти од додипломската студиска програма „Архитектура“
  3. 1 студент од магистерската студиска програма „Градежништво“
  4. 1 студент од магистерската студиска програма „Историја“

Пријавите од студентите треба да се достават на следната електронска адреса: natasa.hribersek@um.si. Во полето „Тема“ треба да се наведе: „Prijava na projekt PKP 2020 – MUZEJ INDUSTRIJSKE DEDIŠČINE MARIBOR“. Пријавата треба да ги содржи следните податоци:

  1. име и презиме;
  2. адреса на постојано место на живеење;
  3. и-мејл;
  4. телефонски број;
  5. электронски идентификациски број на жителот на општината (EMŠO);
  6. називот на студиската програма;
  7. степенот на образование според Болоњскиот систем;
  8. одговор на прашањето за претходно учество во проектот во рамките на програмата „По креативен пат до знаења“ (да/не);
  9. кратко резиме.

Во случај, бројот на поднесени пријави биде поголем од бројот на слободни места, ќе биде извршен избор на кандидати со земање во предвид на просекот од успехот и резултатите од интервјуто. Предност имаат тие студенти, коишто порано не учествувале во проекти во рамките на програмата „По креативен пат до знаења“.

Регистрацијата за учество ќе биде отворена до 10-ти февруари 2020 година. Рокот за реализација на проектот е пет месеци (максимум 200 часа). Плаќањето по час за работа ќе изнесува: 5,38 евра на час нето, 6,39 евра на час бруто.

Во периодот на реализација на проектот учестнците треба да имаат статус на активен студент на студиската програма, не треба да бидат во работен однос, да не бидат самовработени, или да бидат пријавени во регистерот на Службата за вработување како невработени лица или да се приватни претприемници.

Источник: fgpa.um.si