Се покануваат студентите од Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место да земат учество на настанот „Компетенции за зелена иднина“

Се покануваат студентите од Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место да земат учество на настанот „Компетенции за зелена иднина“ („Kompetence za zeleno prihodnost“), кој што ќе се одржи во Марибор од 15-ти октомври 2019 година. Во него ќе земат учество министрот за образование, наука и спорт доктор Ернеј Пикало и директорот на републичкиот Фонд за стипендии, развој, помош на лица со ограничени можности и социјално згрижување Ирена Кунтарич Хрибар. Настанот е кофинансиран од министерството за образование, наука и спорт и Европеската Унија од средствата на Европскиот социјален фонд.

Се покануваат да земат учество во настанот студентите и професорите, кои што се ангажирани во проектот: „Креативниот пат до знаењето“ и „Студентските иновациски обштествено полезни проекти“. Да забележиме дека во овие проекти веќе учествувале 6200 студенти, како резултат на тоа реализирани се 830 идеи. Во текот на настанот младите луѓе ќе ги претстават своите проекти, помеѓу другото поврзани и со еколошки чистите технологии, намалување на нивото на загадување на животната средина, економијата на опкружувањето.

Учеството на настанот е бесплатно. Регистрацијата е отворена од 14-ти октомври 2019 година. Од Љубљана, Копар и Ново Место ќе биде организиран бесплатен автобуски превоз.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: pkp@sklad-kadri.si или јавете се на следниот телефонски број: 01 434 15 74.

Регистрација за настанот

Извор: sklad-kadri.si, fini-unm.si