Се покануваат студентите од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор да земат учество во проектите од програмата „По креативен пат до знаења“

Се покануваат студентите од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор да земат учество во проектите на „Проектната работа со неекономскиот и некомерцијалниот сектор – Студентски иновациски општествено корисни проекти 2016–2020 за 2018/2019 и 2019/2020 студиски години“. Пријавите за учество треба да се достават најкасно до 12:00 четврток, 20-ти февруари 2020 година.

Цели на проектите:

  1. продлабочување на соработката и интеграциските системи на високото образование со неекономскиот и некомерцијалниот сектор на локално и регионално ниво;
  2. имплементација на моделот за отворен и флексибилен преод помеѓу образованието и пазарот на трудот, коишто ќе им овозможат на младите да се стекнат со конкретно практично искоуство уште за време на образованието;
  3. развој на вештините, коишто се потребни за непосредно учество во реализацијата на идеите и собирање на искуство со цел зголемување на можностите за вработување.

Студентите коишто ќе земат учество во периодот на реализација на проектот треба да се обучуваат на општодостапната студиска програма во Република Словенија, не треба да се во работен однос, да не бидат самовработени, приватни претприемачи или да бидат пријавени во Службата за вработување како невработени лица.

Се покануваат да земат учество студентите, коишто порано не учествувале во слични проекти. Плаќањето по час ќе изнесува: 9,00 евра бруто на час, максимум 40 часа на месец (максимум 360,00 евра бруто на месец).

Кандидатот задолжително треба да испрати пополнет формулар за пријавување со наведување на називот на проектот и целата информација којашто се бара, а исто така и мотивациско писмо (со опис на тековното работно искуство, компетенции и мотивите / причините за поднесување на пријавата и учеството во проектот) на електронската адреса на професорите. Важно: поднесувањето на пријавата не гарантира учество во проектот. Професорите ќе извршат избор во текот на којшто ќе се земат предвид мотивациските писма.

Проект 1

Назив на проектот: „ŠIPK – Литературен фестивал – Антон Мартин Сломшек“.

Професор на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор: доцент доктор Јасна Поточник Топлер, jasna.potocnik1@um.si.

Кратка содржина:

Проектот е посветен на споменот на Антон Мартин Сломшек – културолог, писател и творец, коишто живеел во Брежице, којшто ќе стане главен херој на литературниот фестивал. Во рамките на фестивалот ќе биде анализирано и оценето неговото литературно наследство, а исто така ќе бидат поставенени паралели со современото литературно творештво, поврзано со Брежице, и локалните автори.

Рокот за реализација е четири месеци (март-јуни 2020 година).

Во проектот учествуваат студенти од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор:

  1. 2 студенти од магистерската програма „Туризам“;
  2. 2 студенти од универзитетската програма „Туризам“;
  3. 2 студенти од програмата за високо образование „Туризам“.

Во проектот исто така можат да земат учество студентите од другите факултети:

  1. 1 студент од додипломската програма „Историја“ (филозофски факултет при универзитетот во Марибор);
  2. 2 студенти од додипломската програма „Словенечки јазик и литература“ (филозофски факултет при универзитетот од Марибор);
  3. 1 студент од додипломската програма „Социологија“ (филозофски факултет при универзитетот во Марибор).

Проект 2

Назив на проектот: „Ние сме бароко III: Формирање на идентитет на мал град“.

Професор на факултетот за туризам при универзитетот во Марибор: професор доктор Маја Турншек, maja.turnsek@um.si.

Кратка содржина:

Проектот „Ние сме бароко“ опфаќа три многу важни социјални аспекти за Брежице: возобновување на центарот на градот со земање предвид на неговата културно историска самостојност, привлекување на локалните жители да работат врз основа на принципите на „инклузивен музеј“, овозможување на ресурси и долгорочно обезбедување на формирањето на локалниот идентитет.

Рокот за реализација е четири месеци (март-јуни 2020 година).

Во проектот участвуваат студентите од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор:

  1. 3 студенти од универзитетската програма „Туризам“;
  2. 1 студент од програмата за високо образование „Туризам“.

Во проектот исто така можат да участвуваат студентите од другите факултети:

  1. 1 студент од додипломската програма „Археологија“ (филозофски факултет при универзитетот во Љубљана);
  2. 1 студент од магистерската програма „Словенистика“ (филозофски факултет при универзитетот во Љубљана);
  3. 1 студент од додипломската програма „Компјутерски науки и информатички технологии“ (факултет за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор);
  4. 1 студент од програмата „Социологија“ (факултет за социјални науки при универзитетот во Љубљана).

Извор: ft.um.si