Се покануваат студентите од факултетот за туризам при универзитетот во Марибор да земат учество во проектот, коишто се одвива во рамките на отворениот конкурс „По креативен пат до знаења“

Се покануваат студентите од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор да земат учество во проектот „Локалните прехрамбени производи за подобрување на здравствената состојба на населението“. Проектот се одржува во рамките на отворениот конкурс „На креативен начин до знаења 2017-2020 – трето отварање“. Предавач на факултетот за туризам ќе биде доцент доктор Јасна Поточник Топлер.

Се покануваат да земат учество студентите од магистерската и додипломската студиска програма „Туризам“. Со помош на предавачите од факултетот за логистика и факултетот за туризам при универзитетот од Марибор, а исто така предавачи од компанијата студентите ќе развиваат иновативност, креативно размислување и други компетенции, коишто ќе им го олеснат патот од образованието до вработувањето. Дел од проектната работа студентите ќе ја извршат во компанијата.

Според условите на конкурсот, платата за работа пресметана по час ќе изнесува 9,00 евра бруто на час, максимум 40 часа на месец (не повеќе од 360,00 евра бруто на месец). Пријавите за учество се доставуваат не подоцна од 12:00 часот во петок, 31-ви јануари 2020 година, на следната електронска адреса: jasna.potocnik1@um.si и mateja.forte@um.si.

Организаторите на конкурсот предупредуваат дека поднесувањето на пријава не гарантира учество во проектот: предавачите ќе го направат изборот, во текот на којшто ќе се земат предвид мотивациските писма на кандидатите и нивните предходни учества во проектите.

Во текот на реализацијата на проектот учесниците се должни да имаат статус на активен студент на студиската програма, не треба да бидат во работен однос, да не бидат самовработени, да не се водат како невработени лица во Службата за вработување или како приватни претприемачи.

Подетално за настанот Пријава

Извор: ft.um.si