Сe покануваат студентите од GEA College да земат учество на настанот „Правењето добро во светот е напреден бизнис модел“

Во среда, на 04-ти март 2020 година, во 16:00 часот на GEA College (Дунавска, 156, Љубљана) ќе се одржи настанот „Правењето добро во светот е напреден бизнис модел“. Во рамките на овој настан ќе се одржи предавањето на новинарот и хуманитарниот работник Јана Дулар Вангомбе, чијшто настапи за периодот од овие години, во коишто работи ги посетиле повеќе од педесет илјади слушатели. Во рамките на предавањето таа ќе ја претстави својата добротворна организација ELA, којашто се занимава со хуманитарна дејност во Африка.

По завршувањето на предавањето (во 17:00 часот) ќе се одржи округла маса со учество на уште двајца интересни гости – Андреј Курент (Центар Delavnica Konceptov, Preoblikovalnica) и Примож Циглер (Rifuzl). Темите на оваа округла маса ќе бидат следни: хуманитарна дејност, социјално претприемништво, повторно искористување на ресурсите, «zero waste», кружна економија, одржлив начин на постоење и така натаму…

Влезот на овој настан е слободен. Задолжителната регистрација е отворена до 03-ти март 2020 година.

Подетално за настанот Регистрација за настанот

Извор: gea-college.si