Се покануваат студентите од IT-правецот да земат учество во конкурсот HACK

Во септември 2019 година компанијата Result заедно со партнерите организираат 10-дневен студентски конкурс HACK, кои што ќе се одржи во идилична атмосфера во долината на Сава.

Целта на настанот е да им даде можност на студентите од специјалноста „Компјутерски науки“, „Информатика“, „Електротехника“ и други слични програми да решаваат конкретни програми од економијата и да работат со најсовремени технологии, и на тој начин да се стекнат со непроценливо искуство од реалниот сектор. Исто така конкурсот HACK ќе им овозможи на партнерските организации да го определат степенот на подготовка на студентите како свои потенцијални соработници. Во решавањето на задачата од конкурсот на студентите ќе им помагаат предавачи – експерти од компанијата Result. На услуга на студентите ќе им бидат ставени различни програмски средства и најнови технологии.

Задачата на конкурсот ја подготвува водечкиот партнер на компанија Result – компанијата BSH Hišni aparati d.o.o. – еден од водечките произведувачи на мали апарати за домаќинството во Европа. Нивната идеа се состои во тоа да се воведе дополнителна контрола на квалитетот на производството за време на комплетирањето, користејќи во процесот на производство технологија на дополнителна реалност.

Конечното решение ќе им помогне на работниците со помош на компјутерскиот вид, да ги распознава објектите а дополнителната реалност правилно и квалитетно да ги собере компонентите на готовиот производ. Со помош на анализа сите однапред собрани податоци и информации, добиени со помош на технологијата на дополнителна реалност, тие можат да ги определат точките  каде што се појавува најголема количина на грешки, што ќе го забави процесот на работа.

Проектот е добра почетна позиција за студенти иноватори со прогресивни идеи и критичко мислење за да ги проверат своите сили во пракса и во исто време да се претстават на потенцијалниот работодавач.

Пријавите за учество во конкурсот се поднесуваат до 25-ти август 2019 година (до пополнување на местата) на следниот сајт. На учесниците кои што ќе бидат примени, организаторите им ги покриваат трошоците за превоз, храна и сместување, а исто така им обезбедуваат забавна програма.

Информации:

Матеј Корбар, раководител на проектот E: matej.korbar@result.si

Кармен Јакоб Логар, PR & marketing E: karmen.jakob@result.si

Извор: feri.um.si