Се покануваат студентите од Новиот универзитет да земат учество во Академскиот форум „Миграциските процеси, Европската унија и вооружените сили“

Се покануваат студентите од Новиот универзите да земат учество во Третиот академски форум „Миграциските процеси, Европакста унија и вооружените сили“. Настанот ќе се одржи во вторник, на 18-ти февруари 2020 година, во 16:30 часот, во салата Иван Хрибар на Новиот универзитет (Љубљана, Месни трг, 23). Регистрацијата за учество е отворена до петок, 14-ти февруари 2020 година, вклучително и 14-ти февруари.

Третиот академски форум ќе се одржи во рамките на научниот проект „Интегрална теорија на иднината на Европската унија“ под раководство на професор доктор Матеј Авбељ. Настанот се одржува во формат на округла маса, на којашто че земат учество истражувачи и заинтересирани страни од европските политички, институционални, дипломатски кругови и граѓанскиот сектор. Форумот ќе биде посветен на дискусија за растечките предизвици во областа на заедничките политики за безбедност и одбраната на Европската унија со акцент на миграцијата во Евроспаката унија и улогата на вооружените сили во заштитата на шенгенските граници. Да напоменеме дека Република Словенија исто така се судира со низа на проблеми во заштитата на државните граници. Тоа укажува на тоа дека миграцијата станува се поактуелен проблем.

Безбедноста ќе биде главна тема на која што ќе се дискутира на Академскиот форум, чијшто учесници бидат сконцентрирани на изнаоѓање на можни решенија како национално ниво така и во рамките на целата Европска унија.

Подетално за форумот

Извор: epf.nova-uni.si