Се покануваат студентите од Образовниот центар во Велење да земат учество на конкурсот за научно-истражувачки работи

Се покануваат студентите од образовниот центар во Велење да земат учество на 37-от конкурс за научно-истражучвачки работи. Приемот на трудови започнува на 24-ти септември и трае до 11-ти октомври 2019 година.

Целна група на овој конкурс се: учениците од основните и средните училишта, студентите и нивните професори (во подготовката на трудот можат да учествуваат максимум две лица). Конкурсот се одржува во рамките на иницијативата „Младите научници – за развојот на Шалешката долина“.

Тематски области: астрономија или физика, биологија, екологија и заштита на животната средина, етнологија, математика или логика, хемија или хемиски технологии, психологија или педагогија, економија или туризам, географија или геологија, словенечки јазик или литература, филозофија или социологија, историја или историја на културата, меѓудисциплинарни сфери и други области (ветерина, музика, спорт), електротехника, електроника и роботика, архитектура, градежништво, и транспорт, компјутерски науки или телекомуникации, техника или технологија (текстил, обработка на дрво, машинство, и друго), применети иновативни апликации и проекти.

Отворањето на презентацијата на своите трудови на учесниците на конкурсот ќе се одржи од 09-ти до 11-ти март 2020 година. Авторите на најдобрите научно-истражувачки трудови ќе бидат наградени. Признаниците и наградите на победниците ќе им бидат врачени на свечена церемонија на 26-ти март 2019 година.  

Подетално за конкурсот Регистрација за конкурсот

Извор: scv.si, mladiraziskovalci.scv.si