Се покануваат студентите од студиската програма „Градежништво“ да земат учество на меѓународната бесплатна летна школа

Се покануваат студентите од студиската програма „Градежништво“ да земат учество во бесплатната меѓународна летна школа за градежници „ALLBIM Академија“.

Учесниците во Школата ќе се запознаат со основите на BIM-проектирањето, ќе станат специјалисти во областа на информатичкото моделирање на згради, ќе се стекнат со сертификат од областа на BIM-технологиите и ќе ги зголемат своите шанси за успешно вработување.

Летната школа ќе се одржи од 06-ти до 17-ти јули 2020 година. Пријавите за учество треба да се достават не подоцна од 20-ти март 2020 година.

Сместувањето и обуката е на сметка на организаторите – eDISTI, ALLPLAN во соработка со универзитетот од Марибор и универзитетот од Љубљана.

Подетално за летната школа Регистрација за меѓународната летна школа

Извор: facebook.com