Се покануваат студентите од техничка насока да земат учество во хакатонот од областа на енергетиката Electrathon

На 08-ми и 9-ти февруари 2020 година на Transformation Lighthouse ќе се одржи хакатон од областа на енергетиката Electrathon. Настанот се организира во соработка со компанијата ELES. Целна група се студентите од студиската програма „Информатика“, „Електротехника“, „Машинство“, „Графички дизајн“, а исто така сите, коишто имаат наколонетост кон техника или креативност, сакаат сложени задачи, се стремат да ги споделат своите идеи и да добијат награда, а има можност дури и да се најде работа.

Учесниците на хакатонот ќе добијат задача да откријат иновативни начини за управување со системот за енергетско снабдување. Во Република Словенија има повеќе од 3500 километри линии за електричен пренос и повеќе од 2000 единици примарна високонапонаска опрема. Системот има решавачко значење за Република Словенија, со оглед на тоа што таа поддржува многу големи индустриски фирми и пет распределувачки мрежи. Голем дел од инфраструктурата се наоѓа на отворено и со оглед на тоа е подложна постојано на разните временски услови и други промени во животната средина, коишто можат да доведат до деградација на материјалот и механички оштетувања. Растителниот свет во близина на линијата за електричен пренос може да ги оштети и дури да предизвика пожар. Затоа за обезбедување на беспрекорно работење на енергетскиот систем треба да се преземат своевремени мерки.

Награди:

  1. за прво место: 3000,00 евра бруто + ручек со генералниот директор на компанијата ELES Александар Мервар;
  2. за второ место: 2000,00 евра бруто;
  3. за трето место: 1000,00 евра бруто.

Сите учесници на хакатонот исто така ќе се стекнат со индивидуална оцена за личните компетенции според системот CliftonStrengths®.

Пријавите за учество треба да се достават не подоцна од 05-ти февруари 2020 година.

Подетално за хактонот

Извор: feri.um.si