Се покануваат студентите од универзитетот во Марибор да волонтираат на 22-от Фестивал на словенечкиот филм

Се покануваат студентите од универзитетот во Марибор да волонтираат на 22-от фестивал на словенечки филм, кој што ќе се одржи од 17-ти до 22-ри септември 2019 година во Порторож. Фестивалот ќе се одржи во конгресниот центар Avditorij и изложбениот центар Monfort. Студентите (лица постари од 16 години, кои што сакаат да волонтираат, со познавање на странски јазици – минимум англиски), ќе учествуваат во организацијата на фестивалските настани и работата на информациските пунктови, ќе помагаат со прашањата поврзани со акредитациите и ќе им помагаат на гостите на фестивалот.

Организаторите им ја обезбедуваат на волонтерите потребната опрема за време на работата и храна (два оброка).

Во рамките на работата на фестивалот студентите кои што ќе се пријават како доброволци ќе можат да разговараат со претставниците на словенечката филмска индустрија, ќе можат бесплатно да ги посетат сите проекции, преку практика ќе се стекнат со искуство кое што ќе им биде од корист, ќе добијат вредни препораки, ќе го рашират кругот на пријатели и можностите за соработка и понатамошно вработување.

Извор: feri.um.si