Се покануваат студентите од универзитетот во Марибор да земат учество во проектот „До практично знаење стекнато на креативен начин“

Студентите од универзитетот во Марибор од сите студиски години и студиските програми „Градежништво“, „Економски инженеринг“ (специјалност „Градежништво“), „Архитектура“, „Мехатроника“, „Компјутерски науки и информатички технологии“ се покануваат да земат учество во проектот „До практично знаење на креативен начин“. Во рамките на проектот на учесниците ќе им бидат обезбедени нови знаења и напередни производи од страна на професорите од факултетите и претставниците од економскиот сектор. Проектот ќе им даде можност на студентите да ги развијат знаењата кои што ги стекнале порано, да се стекнат со практично искуство и преку тимска работа да дадат свој придонес во решението на реални проблеми во меѓудисциплинарен контекст.

Презентацијата на задачите, целите и содржината на проектот ќе се одржи на 04-ти ноември 2019 година во 11:00 часот во предавалната J1-420 (на факултетот за градежништво на универзитетот во Марибор) и 06-ти ноември 2019 година во 09:00 часот во предавалната B-307 (на машинскиот факултет при универзитетот од Марибор).

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: zoran.pucko@um.si (асистент доктор Зоран Пучко).

Извор: fgpa.um.si