Се покануваат студентите со оргинални претприемнички идеи да земат учество во Демо-денот на клубот Poslovni angeli Slovenije

Сите студенти, коишто имаат оригинални претприемнички и иновативни идеи, се покануваат да земат учество во Демо-денот, којшто е организиран од клубот Poslovni angeli Slovenije во соработка со Центарот за креативност. Форматот на овој настан предвидува презентација од страна на авторите на своите идеи (проблеми и нивни решенија) во текот на кратката презентација којашто ќе трае шест минути.

Настанот ќе се одржи во замокот Фужине на 25-ти март 2020 година. На него ќе присуствуваат инвеститори, коишто се интересираат за иновативните идеи, коишто се наоѓаат во раната фаза на разработка, а истите имаат меѓународен пазарен потенцијал. За нивна реализација  тие се подготвени да инвестираат до 250 илјади евра.

На Демо-денот можат да земат учество шест најдобри тимови на претприемници почетници. Предност ќе добијат интердисциплинарните тимови или автори со јасни идеи, коишто ќе успеат да создадат такви тимови. Затоа во презентацијата на тие што конкурираат треба да се сконцентрираат на описот на предностите на својот тим, којшто ќе му помогне да ги достигне поставените цели.

Пријавите за учество на овој настан треба да се достават не подоцна од 20-ти март 2020 година.

Подетално за настанот Подетални информации на англиски јазик Регистрација за учество (на англиски јазик)

Извор: uni-lj.si