Се покануваат жителите и гостите на Љубљана на меѓународниот фестивал, посветен на празнувањето на словенскиот традиционален празник Масленица

Во сабота, на 29-ти февруари 2020 година, од 10:00 до 13:00 часот на плоштадот Погачарев трг во Љубљана ќе се одржи меѓународен фестивал на словенска култура „Масленица во Љуљбана“, посветен на традиционалниот народен праздник на словените, којшто има свои корени од паганскиот период и го симболизира испраќањето на зимата и дочекувањето на пролетта. Денес во Република Словенија тој се празнува како (поклади).

За овој настан има предвидено богата културна програма со учество на претставници од Република Словенија, Италија, Република Хрватска и други земји. На фестивалот ќе настапат фолклорни аматерски вокални и танцови групи. Гостите ќе имаат на располагање гастрономски услуги и панаѓур, а исто така ќе има и бесплатна анимација за децата.

Извор: dnevnik.si