Се покануваат жителите и посетителите на Љубљана да го дегустираат „научниот“ сладолед

Тимот од Куќата за експерименти (Hiša eksperimentov) ова лето на Месарскиот мост во Љубљана повторно ќе ја организира акцијата „Сладоледологија“. Во текот на настанот учесниците, како младите така и повозрасните ќе можат да дегустираат сладолед, подготвен со научни процедури. Десертот кој што сите го сакаат се подготвува од свежо овошје со користење на течен азот.

Акцијата „Сладоледологија“ ќе се одржува во саботите 20-ти и 27-ми јули, 3-ти и 10-ти август 2019 година. Почеток во 10:00 часот.

Да додадеме дека Куќата за експерименти на улицата Трубарева во Љубљана  е отворена за посета за време на летниот распуст: во јули и август 2019 година таа работи од 11:00 до 19:00 часот во среда, четверток, петок, сабота и недела.

Извор: dnevnik.si