Се примаат пријави за учество во десетиот меѓународен конкурс за изградба на мостови од шпагети Ali je kaj trden most-2019

Отворен е приемот на пријави за учество во десетиот меѓународен конкурс за изградба на мостови од шпагети Ali je kaj trden most 2019, кој што ќе се одржи на 6 – 8 мај 2019 година во просториите на Бурто Печенко (факултетот за градежништво, транспорт и архитектура при универзитетот во Марибор).

Главните награди на конкурсот: 1 место – 1000 евра , 2 место – 600 евра , 3 место – 300 евра ; награда за најдобар дизајн – 300 евра.

Традиционалниот меѓународен конкурс кој што се одржува секоја година ќе се одржи десета година по ред . Во него земаат учество тимови на ученици и студенти од програмата за „Градежништво“, „Архитектура“ и други технички специјалности . Во конкурсот учествуваат до 30 тимови, во секој тим има по 3 студенти од еден факултет.

Конкурсот има позитивна репутација и ги обединува најдобрите студенти од Словенија и европските земји. Популарноста на конкурсот во другите држави од година во година  се зголемува, а показател за тоа е се по масовното учество на тимови од странските универзитети. Во различни години во конкурсот земале учество тимови од Австрија, Германија, Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Чешка, Полска, Латвија, Романија, Турција, Египет.

Конкурсот исто така е одлична можност за студентите да најдат нови пријатели , да се стекнат со нови искуства и знаења.

Пријава во електронска форма се доставува до 31 март 2019 година.

Поделано и пријава Facebook Информации

Извор: fgpa.um.si