Се знаат победниците на Хакатонот-2019 „Мојата безбедност и мобилност“

Веќе се знаат победниците на Хакатонот-2019, чија главна тема беше „Мојата безбедност и мобилност“. Иницијатори на настанот беа министерството за државно управување, полицијата и патната инспекција на општина Љубљана во соработка со инкубаторот АВС и Технолошкиот парк Љубљана.

На Хакатонот учествуваа 10 тимови. Првата награда ја доби томот „Veverice“, кој што ја разработи мобилната апликација „Varuh za mladostnike“, која што им овозможува на младите брзо да најдат безбедно место во случај на животна опасност.

Второто место му припадна на тимот „Šveps“, кој што разработи комплексно решение „Moja varnost“ во формат на мобилна апликација за државјаните на Република Словенија и за странците. Оваа апликација содржи информации за регионот, каде што важната информација (сообраќајни несреќи, радари, болници, критични точки) можат да се видат на картата, овозможува директен контакт со полицијата преку директно бирање на бројот, интерактивни можности за анонимни пораки, активно учество во потрагата по исчезнати лица и инструкции за спасување на живот.

Третото место го освои тимот „Full In“ со проектот „Kolo varnik“, кој што овозможува да се реши проблемот со кражба на велосипеди.

Извор: dnevnik.si