Скијачкото одморалиште Крајнска Гора е еден од најпосетените скијачки центри во Европа

Словенечкото скијачко одморалиште влезе во првите најпосетувани скијачки центри во Европа. Ова рангирање го објави сајтот ria.ru.

Првото место го зазеде еден од главните скијачки центри во Бугарија – Банско.

Трошоците за одмор во Банско за шест денови се околу 460 евра по лице. Второто место во рангирањето е Бардонекија во Пиемонте, Италија.

Следни на листата се Вемалелен во Шведска и Раурис во Австрија. Во првите десет беа вклучени и Елмау (Австрија), Сестриер и Ла Туил (Италија), Солдеу (Андора) и Цервинија (Италија).

Рангирањето ги зема во предвид трошоците за шестдневен ски одмор, изнајмување на опрема, оброци на падините, како и пијалоците кафе, пиво и вино.

Инаку, зимската сезона во Словенија трае најмалку 4 месеци – од декември до март, а во планините до мај. Секоја година има меѓународни скијачки натпревари во различни видови на зимски спортови. Словенија има модерни скијачки патеки кои се погодни за почетници и за семејства со деца. Зимските активности вклучуваат алпско и нордиско скијање, слалом, аикодо, тобоганинг. Посебна предност на словенечките скијачки центри е што се во близина на познатите термални бањи и бројните туристички атракции.

Извор: rsbclub.com