Скоро 200 словенечки организации ја повикаа владата да ги реши проблемите поврзани со климатските промени

Многу организации, вклучувајќи ги и невладините организации за заштита на природата, пензионерски здруженија и вработените во здравствените организации и многу други, заеднички се обратија до владата со сериозно барање климатските промени да се да се гледаат како национална криза и да се пристапи кон нејзино комплексно решавање што поскоро.

До денес ова барање го имаат потпишано 179 организации и повеќе од 8000 луѓе, вклучувајќи ги тука и Асоцијацијата на пчелари на Словенија, Асоцијацијата на пензионери (ZDUS), Асоцијацијата на другари на младината (ZPMS), Асоциацијата на општини, „Младината за климатска правдина“ и други организации.

Како што изјави претставникот на организацијата „Гринпис Словенија“ Катја Куш, земјите треба да направат многу повеќе за борба со климатските промени, отколку што прават во моментов. Според нејзино мислење ситуацијата налага решително дејствување без одлагање – „наредните десет години ќе бидат решавачки“, потенцираше Катја Хуш.

Извор: ru-rassvet.com