Скоро на секој втор оглас се бара познавање на странски јазик – експертите од Adecco

Познавањето на странски јазик денес е показател за мобилност и конкурентност на пазарот за трудот. Тоа е важен фактор за изградба на успешна кариера, најнапред во компаниите кои што се извозно ориентирани. Директор за продажба, трговски претставник, специјалист за креативни индустрии, маркетинг експерт, менаџер за квалитет, специјалист за развој на технологиите за производство – може да се набројат стотици професии, каде што познавањето на еден, два или повеќе странски јазици е решавачки фактор. Како што забележуваат експертите од кадровската агенција Adecco, 30% од вработените во компаниите денес имаат потреба од познавање на барем еден странски јазик, 15% од познавање на два странски јазици. Дури и претставниците на такви обични професии како што е продавач, денес многу често не може да се замисли само со познавање на еден странски јазик.

Словенечките работодавачи најчесто бараат познавање на англиски и германски јазик, а по овие јазици следува италијанскиот. Околу половина од огласите за вработување се со услов за завршено високо образование со познавање на еден странски јазик, една третина со услов за познавање на два странски јазика, а секој десетти оглас за работа во Република Словенија предвидува високо образование и познавање на три странски јазици, но на прво место слободно владеење на англискиот јазик.

Сакаме да напоменеме дека со студирањето на словенечките образовни установи, студентите со гаранција совладуваат минимум два странски јазици (англиски и словенечки) и тука станува збор за слободно владеење на јазиците, а не на ниво: „читам и пишувам со помош на речник“. Многу често не се ограничуваат на изучување само на словенечки и англиски јазик туку во многу случаи се додаваат и германски и италијански. Географската положба на Република Словенија е таква што близината на Германија, Австрија и Италија многу често го определува идното вработување на дипломците во наведените земји. Но дури и ако по добивањето на дипломата дипломецот реши да се врати дома, одличното владеење на неколку странски јазици со сигурност ќе му обезбедат прекрасна кариера во некоја достојна компанија.

Извор: svetkapitala.delo.si