Словачка со најниската стапка на смртност од корона вирусот помеѓу европските земји

Според извештајот на Блумберг, Словачка има најниска стапка на смртност од корона вирусот помеѓу европските земји. Воведувањето на острите мерки веднаш по откривањето на првите случаи на корона вирус, како и следењето на контактите на заболените, и помогна на земјата да се справи со епидемијата. Словачка, после Италија, беше првата држава која ги затвори своите граници. Исто така, веднаш беа затворени училиштата и продавниците. Политичарите и новинарите почнаа да носат маски уште пред владата да го направи тоа задолжително.

Photo: Словачка со најниската стапка на смртност од корона вирусот помеѓу европските земји/pixabay/vperemencom

Брзината е важна. Идеално е да ја задржите епидемијата во фаза во која можете да ги следите контактите на секој нов заразен случај. Гледајќи наназад, можеме да заклучиме дека Словачка постапи правилно“, изјави шефицата на Одделението за епидемиологија на Медицинскиот факултет во Виена, Ева Шернхамер.

До денес во Словачка се забележени 3.3 смртни случаи на милион жители, додека во Полска тој број е 14.1, а во Шпанија 496,2. „Ако овој тренд продолжи, може да кажеме дека најдобро се снајдовме во ситуацијата. Во најголемиот дел од популацијата вирусот не се шири“, изјави Мартин Сматана, шеф на владиниот Институт за здравствена политика.

Извори: rbc.ua, bloomberg.com