Словенечка компанија разработи специјализирана мобилна апликација за барање на работа во сферата на туризмот и угостителството

Коперски старт-ап Flexyteam во јуни 2019 година ја извади на пазарот првата словенечка специјализирана мобилна апликација за барање на работа во сферата на туризмот и угостителството.  

Мобилната апликација која што може бесплатно да се инсталира со помош на Google Play и App Store, е направена за сите лица кои што се во потрага по работа – од ученици до пензионери. Апликацијата содржи информации за огласи за работа и важни настани од туризмот и угостителството и помага брзо да се поврзете со идниот работодавач по чет. За беспрекорна работа со апликацијата (достап до базата на податоци) потребно е да се плати по што на корисникот ќе му бидат достапни сите опции.

Апликацијата опфаќа повеќе од 400 професии и специјализации во 9 гранки на дејности – гастрономија, хотелско работење, ресторански бизнис, резорти и велнес, хазардни игри, конгрес туризам, трговија и управување, помошни служби и консалтинг. Таа овозможува на едноставен начин да се стекнете со потребната информација.

Според последните податоци од службата за вработување, во сферата на туризмот и угостителската индустрија отворени се повеќе од пет илјади работни места. Најбарани професии се келнери (2289 огласи), и готвачи (1315 огласи).

Извор: svetkapitala.delo.si