Словенечката екипа меѓу петте најдобри на светскиот хакатон NASA Space Apps Challenge

Петмина млади од екипата Blue Ice, која победи на хакатонот во Копер во организација на Универзитетскиот инкубатор на Приморска, според стручњаците на НАСА е меѓу петте најдобри во светот. Победникот ќе биде објавен во јануари. Конкуренцијата беше огромна: 75 држави, 200 градови, 17 924 учесници, 2719 екипи, 1395 решенија на 20 предизвици на вселенската агенција НАСА.

Најголемиот хакатон на светот Nasa Space Apps Challenge, решава предизвици од сферата на астрономијата, екологијата, геологијата и роботиката. Учесниците имаат 48 часа за да ги решат предизвиците и да изработат прототип, и при тоа на располагање им се сите јавно достапни податоци на вселенската агенција, како и стручни ментори.

Секој може да се пријави, и при тоа не постојат ограничувања. Може да учествуваат ученици, студенти, инженери, програмери, дури и писатели. Убаво е екипата да се состои од членови со различно знаење. Тоа го потврдуваат и членовите на екипата Blue Ice, кои до почетокот на хакатонот не се познавале. Во оваа екипа има ученичка од Средното економско училиште во Копер, гимназијалка, студентка по биологија, програмер и маркетиншки стручњак. 

Ула Валентич, Ева Пинцин, Аленка Скварч, Матија Гашпар и Лука Андолшек, обединети во екипата Blue Ice, супер финалето на овој глобален натпревар го освоија со кооперативна игра, во која се решаваат проблеми поврзани со глобалното затоплување. Оваа игра е достапна на интернет-страницата polar-explorers.com.

Стручната комисија ги оценуваше следните сегменти: влијание, иновативност, научна важност, техничка изведливост и презентација.

Интернет-врска: primorske.si