Словенечката компанија го претстави првиот прототип на проектот SARA (Slovenian Arachnid Robot Adventurer), создаден во сработка со универзитетот од Марибор

Словенечката компанија SkyLabs во текот на клучниот европски настан од областа на вселенската индустрија Space Tech Expo во Бремен на својот штанд, помеѓу останатото, го претстави првиот прототип на проектот SARA (Slovenian Arachnid Robot Adventurer – Словенечки арахнид робот авантурист). Овој проект се реализира во соработка со научниците и студентите од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор.

SARA – осум ножниот автономен робот пајак, е предвиден за употреба во вселенската и воената индустрија, а исто така во областа на цивилната заштита. SARA беше во центарот на вниманието на 450 изложувачи на вселенската индустрија и 4500 посетители од целиот свет.  

Извори: feri.um.si, um.si