Словенечката компанија Leksi разработи мобилна апликација, којашто им обезбедува на студентите пристап до важни информации, а истите се сконцентрирани на едно место

Словенечката компанија Leksi разработи мобилна апликација со исто име, којашто им овозможува на студентите пристап до важни податоци, сконцентрирани на едно место. Апликацијата има календар, електронска пошта, информации за испитите и семинарите, оцени, материјали, вести и други информации коишто им се неопходни на студентите.

Во тимот на вработените во компанијата Leksi се наоѓаат девет дипломци од универзитетот во Љубљана и универзитетот од Марибор. Споредувајќи ги информатичките услуги на разни факултети, девелоперите дошле до заклучок дека сите системи се многу добро проектирани но информацијата која што им е потребна на студентите е растурена по повеќе веб страни. Со помош на создадената апликација овој проблем е веќе решен. Денес апликацијата Leksi ја користат неколку илјади студенти од универзитетот во Љубљана, Приморскиот универзитет и универзитетот од Марибор.

Безбедноста и доверливоста на апликацијата Leksi се обезбедува благодарение на чувањето на личните податоци од универзитетот (името на корисникот, лозинката, информациите за испитите, електронската пошта и така натаму) само на телефонот на корисникот. Ни на една друга ваква мобилна апликација на корисникот не и се достапни податоците од универзитетот, тие исто така никогаш не се зачувуваат на серверите на апликацијата Leksi или на било кое друго место.

Извор: delo.si