Словенечката научно-економска асоциација ве поканува на „Информациски ден“ на кој што ќе земат учество претставници од Европската комисија и владата на Република Словенија

Словенечката научно-економска асоциација (Брисел) секоја година организира информациски денови на тема европски истражувања и иновации. Оваа година „Информацискиот ден“ ќе се одржи во Љубљана во петок на 25-ти октомври, а учество ќе земе министерот за образование, наука и спорт. На „Информацискиот ден“ ќе говорат претставниците од Европската комисија и владата на Република Словенија.

Целта на настанот е запознавање на научниците, претприемачите, иноваторите и сите заинтересирани со програмата Horizon Europe, нејзините специфичности и содржина. Во текот на настанот исто така ќе се одржи округла маса со презентација на словенечките научно истражувачки структури со цел разгледување на важноста од вклучувањето на словенечките истражувачи, иноватори и економисти во меѓународните партнерски проекти од областа на развојот. Помеѓу другото, ќе бидат претставени програмите на Фондот на Марија Склодовскаја-Кери и Европскиот совет за иновации, перспективни иницијативи и научно партнерски проекти.

Влезот е слободен. Официјален јазик на настанот е англискиот. Регистрацијата за учество на „Информацискиот ден“ е отворена до 24-ти октомври 2019 година.

Извор: uni-lj.si, sbra.be