Словенечката веб страна Viberate е популарна интернет платформа помеѓу ѕвездите од светскиот шоу бизнис

Словенечката веб страна Viberate, која што ги поврзува музичарите со организаторите на настани, агентите и другите лица, кои што се активни во музичката индустрија и е барана од ѕвездите од светскиот шоу бизнис. Апликациите од овој сајт не ги користат само европските или словенечките музичари, туку и ѕвездите од светски размери како што се: The Chainsmokers, Роби Вилијамс, Showtek, Noisia и RedFoo. На платформата Viberate отворени се профили на повеќе од еден милијон музичари, локации, концертни простори и организатори на фестивали, што создава нови можности за соработка и промоција во областа на музиката. Сите податоци за музичарите, локациите и настаните се достапни на бесплатната веб страна Viberate.com.

Во компанијата Viberate, која што е основана во 2015 година по иницијатива на Матеја Грегорчич, Васи Вебер и Урош Умек (DJ Umek), денес работат повеќе од 60 лица. Исто така компанијата Viberate има повеќе од 1000 надворешни соработници. Неодамна словенечката компанија успешно се претстави на најголемиот технолошки настан во светот – TechCrunch Disrupt во Сан Франциско. Според податоците од веб страната на компанијата денес со оваа компанија соработуваат 2000 агенции, 460 илјади изведувачи, 5000 музички фестивали. Со нејзина помош биле организирани 500 илјади музички настани.

Платформата Viberate анализира милијарди единици на податоци од страниците за стриминг, социјалните мрежи, веб страните на продавачите на билети и други важни извори. Преобразувајќи ги тие податоци во вредни идеи, платформата им помага на професионалните музичари и на аматерите да добијат инспирација, да го следат производството, перформансите, да ги претставуваат резултатите од работата и да бараат интересни можности за бизнис, забележуваат нејзините основачи. Да напоменеме дека во 2020 година компанијата – девелопер на веб страната ќе презентира нова опција за професионалните музичари, која што ќе овозможи да ги следите новите таленти и актуелните тенденции во оваа индустрија.

Извор: svetkapitala.delo.si