Словенечкиот јазик го изучуваат практично во целиот свет – весникот Delo

Во февруари 2020 година весникот Delo објави нови податоци за изучувањето на словенечкиот јазик во светот. Денес тој се предава на 61 Универзитет во 25 земји (тука вклучувајќи, 19 европски) на сите континенти, освен во Австралија. Оваа година словенечкиот јазик го изучуваат повеќе од 2000 слушатели, од нив 500 – во Република Србија, каде што тој ужива најголема популарност. Во 28 Универзитети во светот, помеѓу кои и два во Пекинг, „Словенечки јазик“ е одделна студиска програма, а во останатите – изборен предмет.

Во деведесет градови во Европа словенечки предаваат 36 професори. Секоја година само за плата за професорите за словенечки јазик во Европа се издвојуваат 1,3 милиони евра.

Во 2019 година за финансирање на јазичните курсеви и слични настани за дијаспората владиниот Оддел за работа со словенците, коишто живеат надвор од границите на Република Словенија, одвоил 6,3 милиони евра.

Извор: delo.si