Словенечкиот јазик не е никаква пречка за почеток на студиите – Интервју со Гоце Јовевски, студент на Правниот факултет при Универзитетот во Марибор

„За Словенија, како земја за студирање, имав слушнато повеќе пати, меѓутоа не се заинтересирав „интензивно”, се до последен момент, кога сфатив дека тоа е всушност одлична можност за млади луѓе кои сакаат да студираат во странство, во некоја од земјите на Европската Унија. Секогаш за Словенија се зборувало дека е напредна и успешна земја која нуди многу можности. Затоа, и се обидов да пронајдам начин да запишам студии таму. Така ве пронајдов вас 2TM, веднаш стапивме во контакт и ја започнавме процедурата.“ – вака Македонецот Гоце Јовевски од Скопје ја почнува својата приказна за одлуката за студира во Словенија.