Словенечкиот јазик се изучува низ целиот свет

Дали сте знаеле дека словенечкиот јазик го учат како странски јазик околу 2500 студенти на универзитетите низ светот? Тој се избира на 58 високообразовни установи како студиски смер, изборен предмет или како курс. Најмногу лекторати има во Европа, но ги има и во Кина, Јапонија, САД и во Аргентина. Оваа година, прв пат на јужната хемисфера, 36 студенти го учат јазикот во Кордоба, вториот град по големина во Аргентина.

За некои од нив словенечкиот јазик звучи како што звучат песните на нивните баби и татковци, за други тој ги отвора вратите до словенските култури и студии, за некои пак тој е само предизвик и шанса која не сакаат да ја испуштат.

Оваа студиска година, дванаесет илјади километри далеку од Словенија, словенечкиот јазик го изучуваат две групи на студенти.

Ако кажеме дека словенските студии ги има на европските универзитети и дека тие се чести и посакувани, во Јужна Америка, каде што се преплетувале и смениле многубројни култури, тие сеуште важат за ретки и егзотични. Иако во Кордоба се повеќе застапени хрватската, полската и украинската заедница, сепак, меѓу словенските студии, словенечкиот јазик рамноправно се изучува.

Сите се дел од програмата Словенечки јазик на странските универзитети, кој што во соработка со установите низ светот го изведува Центарот за словенечки јазик како друг и странски јазик од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, а тој е кофинансиран од министерството за образование, наука и спорт.

Од 2003 година лекторатот за словенечки јазик почна да работи на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Буенос Аирес, а од 2008 година словенечкиот јазик се учи и на Универзитетот во Ла Плата. Курсот е за сите бесплатен.

На лекторатот во друштво на професорката не учат само граматика, туку на средбите носат и содржини за Словенија, нејзините историја, знаменитости и култура. Во текот на годината таму се гледаат и словенечки филмови, имаат настани со уметници кои гостуваат, слушаат музика и читаат словенечка литература.

Во многубројни провинции на државата, повеќе од триесет илјади Словенци и потомци на словенските доселеници од различни генерации, неколку децении активно и посветено се трудат за зачувување на јазикот.

Извор: siol.net