Словенечкиот матаматичар др.Бојан Мохар доби признание од Канадското кралско здружение

Словенечкиот математитач др. Бојан Мохар е едн од 18-те еминентни научници, на кои Канадското кралско здружение оваа година им подели признанија за посебни достигнувања. Признанието John L. Synga, кое му го доделија во сабота на 17-ти ноември 2018 година, го заслужи со резултати во областа на тополошката теорија на графикони. Иако таа делува на апстракно ниво, кое за лаиците е тешко разбирливо, тој е сигурен дека науката и секојдневното живеење се многу поврзани. Дури и неговите наоди, кои се пред сѐ теориски, порано или подоцна имаат употребна вредност.

Др. Бојан Мохар е редовен професор и некогашен декан на Факултетот за математика и физика (FMF) при Универзитетот во Љубљана. Во моментов истражува на Институтот за математика, физика и механика, а истовремено работи и на канадскиот Универзитет Симон Фрасер во рамки на престижниот истражувачки оддел Canada Research Chair.

Неговата работа како еден од најпродорните дискретни математичари ја препознаа уште предлани во Канада, кога ја доби Еулерјевата медаља. Првото признание во Словенија, наградата Борис Кидрич, ја доби во 1990 година, а пред околу дестина години стана и републички амбасадор на науки.

Неговиот текст за Лапласовите матрици има околу 1500 цитати според пребројувањата на Гугл. Бојан Мохар смета дека професија на иднината е математичар.

Извор: delo.si