Словенечките брзорастечки фирми ги канат малдите во своите редови

Многубројни словенечки фирми подолго време се соочуваат со недостаток на погоден кадар. Фирмите бараат кадри на различни начини: преку поврзување со заводот за вработување и образовните институции, преку стипендирање и обука во фирмите.

Еден од начините како да се претстави една фирма и да ги заинтересира младите за одредена професија е денот на отворени врати на словенечкото општество, кое ќе се одржи во четврток на 29-ти ноември, во организација на Стопанската комора на Словенија и Заводот за вработување. Преку 140 фирми од различни економски области ќе им се претстават на учениците и нивните родители.

Во Adria Mobil бараат пред сѐ кадри од техничките струки – дрвна, електротехничка и машинска, со средно стручно образование, кадри кои најмногу недостасуваат. Во оваа компанија денес се вработени повеќе од илјада луѓе, што е најмногу во нејзината историја, како последица на интензивното вработување во минатите години.

Забрзано се вработуваат и кадри во фирмата Varis Lendava. Минатата година вработија 80 работници од различни профили, оваа година пак уште 30. До крајот на јануари 2019 планираат уште 20 нови вработувања. Веднаш вработуваат: керамичари, монтери, ѕидари, плескари, електроинсталатери, заварувачи и повеќе работници без квалификации за работа во бетонските постројки. Заради тоа се одлучиле активно да соработуваат со средното градежно училиште со цел да добијат образовани кадри и контакти. Истовремено формираат и своја академија Varis, во чии рамки ќе започнат со менторство за млади кои по завршувањето на училиштето ќе се вработат кај нив.

Фирмите Lotrič Meroslovje и Dewesoft многу успешно соработуваат со образовните институции за придобивање на кадри. Вработуваат пред сѐ технички кадри, како и соработници во производството, администрацијата и во маркетингот.

Со придобивање на нови кадри немаат поголеми проблеми ниту во фирмата Lotrič Meroslovje, која е во фаза на интензивен раст. Оваа година вработија 18 луѓе, го зајакнаа пред сѐ тимот со технички кадар за изведба на акредитирани услуги, тимот за продажба и тимот за логистика. Имаат и свои стипендисти кои со помош на проекти како што се денот на отворени врати на општеството и предизвици за вработување, ги запознаваат новите пристапи, со чија помош дополнително го зајакнуваат настапот на пазарот на трудот.

Според истражувањето Професионален барометар, кое го спроведе Заводот за вработување, во 2019г. најмногу ќе недостасуваат војници, машински и елетротехнички инженери, физиотерапевти, развивачи на програмска опрема, програмери на компјутерски апликации и техничари за електротехника и машинство.

Извор: dnevnik.si