Словенечките гимназијалци достојно ја претставија својата земја на Меѓународната олимпијада по географија во Хонг Конг

Од 30-ти јули до 6-ти август 2019 година во Хонг Конг се одржа шеснаесеттата Меѓународна олимпијада по географија. Во неа земаа учество 166 ученици од 43 земји од светот. Република Словенија на овој настан беше претставена од страна на ученик од Гимназијата Образовен центар Велење, победникот на националната олимпијада Марко Брекенјачевич (наставничка – Тања Голоб). Покрај него, земјата ја претставуваа уште 3 гимназијалци и наставник од Одделението за образование.

На првиот ден од олимпијадата учесниците пишуваа есеј за глобалната географска проблематика; вториот ден тие се занимаваа со истражување и мапирање на месностите. Третиот ден учесниците на конкурсот имаа мултимедијален  тест за проверка на основните знаења за географските процеси. На крајот од програмата на настанот се одржа презентација на плакати, кои што беа однапред направени од тимовите. Темата на плакатите беше: „Discovering a vibrant city for our smart future“ («Концепт на жив град за нашата паметна иднина“).

Според резултатите од олимпијадата тимот на Република Словенија покажа достоен резултат, словенечките гимназијалци освоија еден сребрен медал и еден бронзен медал. Да додадеме дека словенечките ученици не само што се натпреваруваа туку стасаа и да разгледаат дел од знаменитостите на Хонг Конг.

Извор: scv.si