Словенечките музеи и галерии покануваат на своите виртуелни изложби

Словенечките музеи и галерии нудат гледање на своите експонати на далечина. Додека животот полека и постепено се враќа во нормала, ви се нудат интересни изложби и виртуелни прошетки без напуштање на вашиот дом.

Photo: Словенечките музеи и галерии нудат гледање на своите експонати на далечина/pixabay/andymeyer67

1. Националната галерија

На интернет страницата на централната галерија на словенечки уметнички дела, имате можност виртуелно да прошетате низ нејзините простории и да погледнете колекција на словенечки и европски дела од 12-тиот до 20-тиот век.

2. Националниот музеј

Најстариот словенечки музеј на посетителите им ги нуди актуелните и постојаните изложби, патувајќи низ минатото, почнувајќи од железното време. Можете да прошетате и низ преубавиот замок Снежник, на југозападот на Словенија.

3. Водниковата куќа

Недалеку од центарот на Љубљана можете да ја посетите спомен-куќата, родното место на големиот словенечки поет Валентин Водник. Денес во неговата куќа се одржуваат изложби и други културни настани. На 9ти мај 2020 година беше отворена изложбата „Тито и печатот: од икона до култ“, базирана на архивските вести по повод 40 годишнината од смртта на Тито.

4. Покраинскиот музеј Марибор

Во градбата која е комбинација на тврдина и замок, претставени се археолошките, етнолошките и културно-историските збирки на Марибор и околината. Изложбата „Верувам, значи постојам“ е посветена на различните религии.

5. Словенечкиот музеј на јаглен

На интернет страницата на музејот, посетителите можат да се запознаат со традицијата на ископувањето јаглен и животот на рударите во минатото. Со помош на виртуелната изложба ќе го поминете патот на рударите, ќе го допрете таинствениот подземен свет и ќе ја осетите тежината на рударската работа.

Извори: ng-slo.si, museum-mb.si, artspaces.kunstmatrix.com, nms.si, ng-slo.si