Словенечките научници се удостоени со медали на 17-та Меѓународна изложба за иновации во Загреб

Од 17-ти до 19-ти октомври 2019 година во Националната универзитетска библиотека во Загреб се одржа 17-та Меѓународна изложба за иновации. На овој голем настан учествуваа повеќе од 90 локални изложувачи и повеќе 50 странски иноватори од 15 земји од светот. Република Словенија на изложбата беше претставена од страна на Конзорциумот за пренесување на знаења и технологии.

Во текот на свечената церемонија на словенечките научници им беа врачени четири медали. Со златен медал беше награден професорот од универзитетот во Марибор доктор Дарко Горичан, со сребрен медал беа наградени Виктор Ејчич, Игор Шкерјанц и Едвард Сојер (Институт за хемија, Љубљана), со бронзен медал – Грегор Примц, Миран Мозетич и Аленка Весел (Институт Јожеф Штефан). Вториот бронзен медал го добија Аленка Весел, Миран Мозетич, Рок Заплотник и Грегор Примц (Институт Јожеф Штефан).

Извор: um.si