Словенечките ученици освоија голема награда на меѓународната олимпијада за генијалци (Genius Olympiad) во Соединетите Американски Држави

Тимот UniBill од Средното училиште за електроника и Техничката гимназија од Ново Место со идеја за платежен сервис на Клауд освои голема меѓународна награда на меѓународната олимпијада за генијалци (Genius Olympiad) во Соединетите Американски Држави – Grand Award. Тимот во чиј состав беа Жиги Повхе, Анже Коцјанчич, Никита Галух Капушин и Јаки Кордиша (наставници – Даниела Еренда и Роман Капш) е апсолутен победник во категоријата „Бизнес“. За разработка на идеата на учениците им беа потребни 6 месеци.

Според зборовите на младите девелопери, UniBill е еколошки ориентирано решение на дигиталната ера и алтернатива на хартиените сметки. Тие објаснуваат дека нивното решение го крева процесот на купување на повисоко ниво и е систем кој што за купувачот претставува удобна апликација за безбедно чување и достап до Клауд записите, а исто така и преглед на пазарните навики и трошоците.

Да напоменеме дека тимот UniBill во април 2019 година веќе победи на националниот конкурс за најдобри младински бизнис идеи Popri и затоа како награда зема учество во престижниот меѓународен конкурс во Њујорк.

Извор: dnevnik.si