Словенечките ученици освоија „злато“ и „бронза“ на Меѓународната олимпијада по биологија

Словенецот Аљјаж Симонич (од втората гимназија во Марибор) на 30-та Меѓународна олимпијада по биологија освои златен медал. Ова го објавија од Сојузот на техничка култура на Република Словенија.

Успешно настапил и Бор Крајник (од гимназијата Шкоф Лока), освојувајќи бронза. Леон Ројк Штупар (од првата гимназија во Цеље) и Себастијан Кордиш (од гимназијата Шкоф Лока) се стекнаа со признаници.

Да додадеме дека меѓународната олимпијада по биологија се одржа од 14-ти до 21-ви јули 2019 година в Сегед (Унгарија). Во неа земаа учество 270 ученици од 70 земји од светот.

Извор: dnevnik.si