Словениај меѓу седумте најбезбедни земји на светот за патување

Словенија покрај Данска, Финска, Норвешка, Швајцарија, Исланд и Луксембург се најде меѓу најбезбедните земји на светот за патување според мапата на ризик за патувања во 2019 година, која ја објавија организациите International SOS и Control Risks. Меѓу најнебезбедни за патувања се Сирија, Либија, Авганистан и Сомалија. 

Мапата ги дели државите според ризикот кој го чека патникот во одреден дел на светот. За седумте најбезбедни тој ризик е непознат. Во преостанатиот дел на Западна Европа, вклучувајќи ја и Велика Британија ризикот е низок. Ист степен на безбедност важи и за Канада, САД и Австралија.

За среден ризик на патување за туристите претставува на пример посетата на Русија, Турција, Саудиска Арабија и Бразил. Висок ризик претставува посетата на Мексико, Венецуела и ДР Конго. Меѓу државите со највисок – екстремен ризик, според организациите, покрај споменатите Сирија, Либија, Авганистан и Сомалија се сметаат и Јужен Судан, Мали и Јемен.

Интерактивната мапа покажува и ризик по здравјето во државите низ светот. И во овој поглед, меѓу тие со највисок ризик се повеќето африкански држави, меѓу кои Јужен Суден, Брегот на Слонова Коска и Нигерија, а од останатите Ирак, Авганистан и Венецуела. Словенија е меѓу државите со низок ризик.

Словенија се наоѓа малку пониско во делот на сообраќајната безбедност. Ова ја поставува државата меѓу државите со низок ризик, но тоа во некои држави е уште пониско, односно многу ниско. Меѓу најбезбедните сообраќајни држави се поголемиот дел од европските земји западно и северно од Словенија, а помеѓу нив е и соседната Австрија. И во овој дел, најмалку безбедни се земјите во Африка.

Извор: krog.sta.si