Словенечкиот образовен систем се состои од три нивоа – основно образование, средно и високо образование. Матурантите имаат многу голем избор: можат да изберат на кој степен ќе го завршат образованието и како ќе го продолжат во зависност од плановите за развој на кариерата или моменталната ситуација. Образовниот систем со Република Словенија е направен така што кога студентите дипломираат со себе понесуваат огромни знаење, без разлика на кој степен тие решиле да го завршат образованието.
Основно училиште
Средно училиште
Високо образование
9 години
Национална проверка на знаења
Средно образование
Според законот на Република Словенија, сите деца се должни да се стекнат со основно образование – да завршат основно училиште (словенечки Osnovna šola). Образованието е бесплатно, како за државјаните на Република Словенија така и за децата на странците. Образованието во основното училиште трае 9 години, а започнува на возраст од шест години до петнаесет години. По завршувањето на 6-то одделение и 9-то одделение учениците ги очекува Национална проверка на знаење (словенечки Nacionalno preverjanje znanja). Учениците се запишуваат во средно училиште врз основа на просекот на оцените од 7, 8 и од 9 одделение.
2 години
Завршен испит
Стручна школа
Ако ученикот завршил само 7 години од основното училиште, тој може да се стекне со минимално стручно образование, кое што е насочено кон подготовка за совладување на професијата. Обуката на оваа програма трае две години и завршува со завршен испит, со резултатите од завршниот испит ученикот може да го продолжи образованието во стручно училиште.
Учениците, кои што завршиле основно училиште, можат да изберат каков тип на средно училиште ќе посетуваат во зависност од нивната успешност во основното училиште, амбициите за кариера и плановите. Во Република Словенија постојат четири типа на средно образование:
3 години
Завршен испит
Средно стручно училиште
Учениците, кои што завршиле средно училиште или се стекнале со минимално стручно образование можат да се стекнат со средно стручно образование (словенечки Srednje poklicno izobraževanje, SPI) . Тука учениците учат три години и ги усовршуваат следните професии: столар, механичар, стаклар, фризер, пекар и така натаму.
Стручните училишта имаат програми за „занаетчиство“, кои што се поддржуваат во Словенија на национално ниво: ако во државата има недостаток од квалифициран кадар во некоја професија, тогаш учениците од тие професии се обучуваат преку пракса кај работодавачите. Тоа им помага на идните работници да ги подобрат теоретските знаења, побрзо да се почувствуваат како дел од колективот и тоа го олеснува барањето на работа. На крајот од обуката има завршен испит.
Доколку ученикот, кој завршил 3-та година има желба да го продолжи образованието на факултет или на виша школа, во тој случај тој треба дополнително да запише 2 години за да може да полага општа или училишна матура.
4 години
Општ завршен испит
Високо образование
Учениците можат да се стекнат со средно техничко и стручно образование, по завршувањето на основно училиште. Школувањето трае четири години и е насочено на продлабочување на знаењата во рамките на конкретна техничка или економска област.
Образованието се завршува со стручен завршен испит (словенечки Poklicna matura), по што следи упис на виша школа или на универзитетски додипломски студии. Доколку ученикот го положил општиот завршен испит (словенечки Matura), тогаш тој може да се запише на универзитетски додипломски студии.
4 години
Општ завршен испит
Високо образование
Исто така и во гимназиите можат да се стекнат со општо средно образование. Таму обично учат ученици кои што потоа сакаат да го продолжат своето образование и да се стекнат со високо образование. Токму затоа гимназијата е толку популарна помеѓу матурантите. Обично тоа се ученици, кои што во основното училиште добро ги совладале сите предмети.
На општиот завршен испит (Matura) студентите полагаат мајчин јазик и странски јазик, математика и два изборни предмети. По завршувањето на гимназијата матурантите можат да се запишат на факултет.
Гимназии:
Словенечкото образование е признаено на меѓународно ниво, предавањата се одвиваат според Болоњскиот систем. Се повеќе универзитети во образовниот процес воведуваат програми на англиски јазик. Словенечкото образование е признаено на целата територија на Европската Унија, затоа дипломците од словенечките високообразовни установи можат да го продолжат своето образование во други земји на Европската Унија. Доколку сакаат можат да се запишат на магистратура во било која земја на Европската Унија и да учествуваат во програмата за размена на студенти.
2 години
Одбрана на дипломската работа
Образованието на вишите стручни школи (словенечки Višje strokovno izobraževanje) е достапно за матурантите од гимназиите и средните стручни училишта, кои што полоќиле општа матура или училишна матура. Образовните програми на вишите стручни школи се поопширни од универзитетските програми и се насочени кон совладување на практичните вештини во областите: туризам, велнес, економија, логистика, безбедност, електротехника и информатика. Двегодишното образование завршува со одбрана на дипломската работа.
3 години
Одбрана на дипломската работа
Магистратура
Студентите, кои што завршиле средно образование и успешно положиле матура, можат за се запишат на универзитет и да се стекнат со диплома во областа на менаџментот, маркетингот, бизнисот, градежништвото и други области. Постојат универзитетски и стручни студиски програми, разликата е во тоа што во стручните програми има повеќе пракса. Додипломските студии во Словенија траат три години и завршуваат со одбрана на дипломска работа. По завршувањето на додипломските студии, студентот може да го продолжи образованието и да се стекне со степен магистер.
3 години
Заштита на магистерскиот труд
Докторски студии
Образованието на магистратура (словенечки Podiplomski študij) трае две години и завршува со одбрана на магистерскиот труд. Некои програми (како на пример „Меѓународни односи“, „Право“) се спроведуваат по системот „4+1“ – четири години додипломски и една година магистерски студии.
2 - 4 години
Докторски труд
Во Словенија може да станете доктор на науки за 2 – 4 години. Докторките студии завршуваат со одбрана на докторскиот труд.