Секоја година сѐ повеќе идни студенти го учат словенечкиот јазик пред почетокот на студиите. Словенечкиот спаѓа во групата на словенски јазици и студентите од бившата заедничка држава интуитивно го разбираат, но не им е толку едноставен за учење како што изгледа на почетокот.
Токму поради културната и јазичната близина, почетокот е сакако полесен. Студентите од Македонија можат многу брзо да ги научат основите, многу од зборовите ги разбираат и колку повеќе го слушаат и го говорат јазикот секојдневно, токлу побрзо го совладуваат.
Знаењето на словенечкиот јазик е неопходно за студирање во Словенија – иако факултетите не бараат сертификат (освен на некои програми), сепак студентите мораат да ги научат основите бидејќи најголемиот број на предавањата се на словенечки.
За да го научите јазикот, можете да се запишете на курс во Словенија.
Истотака можете да почнете со учење на словенечкиот јазик во Македонија, каде што има добри јазични училишта и што е најважно, цените се поповолни. Така, максимално ќе се подготвите на студиите пред доаѓањето во Словенија.
Ние ви препорачуваме соработка со нашиот партнер, Институтот Концепт од Скопје. Работата и изучувањето на јазикот кај нив се одвиват во мали групи со позитивна атмосфера и токлму поради тоа сите учесници се многу задоволни. Во Институтот Концепт исто така нудат и индивидуални курсеви за изучување на словенечкиот јазик.
За повеќе информации обратете се во Институтот Концепт на: www.koncept.com.mk.
Интензивен курс за словенечки јазик во Словенија
Доколку сакате навистина да се вклопите во јазичната средина и за кратко време да постигнете добри резултати, запишете се на интензивен курс по словенечки јазик во Словенија. Курсот се состои од 100 наставни часови и почнува пред самиот почеток на академската година.
Постојат и други варијанти на курсеви, се зависи од вашите желби и можности.