Словенија активно се спротивставува на ширењето на корона вирусот следејќи ги успешните искуства на Кина и Јужна Кореја

Поучена од успешните искуства на Кина во борбата против корона вирусот, словенечката влада од 20 март воведе ограничување на движењата на јавни места. Така, со цел да се ограничи ширењето на вирусот е забрането здружувањето на луѓе на јавни места и во јавните објекти. Казната за прекршителите изнесува 400 евра. Ограничувањето на движењата е последица на фактот што многу граѓани не ги почитуваа правилата на изолација, и пролетните денови ги користеа за уживање во природа.

Оваа одлука на владата предвидува и одредени исклучоци. Не важи за сите сектори, а на граѓаните им овозможува пристап до работа, до аптекиите, болниците и продавниците за храна. Исклучок се и посетите на блиските роднини.

Во меѓувреме властите пробуваат да ги надополнат залихите на заштитна опрема. Четвртокот, складиштето за цивилна заштита доби половина милион заштитни маски кои ќе бидат поделени на терен, онаму каде што се најпотребни.

Според министерот за економија Здравко Почивалшек, до крајот на неделата ќе се обидат да ја реализираат и планираната набавка на 1,5 милиони заштитини маски од типот FFB2, а во почетокот на следната недела и ист број од поефикасните маски тип FFP3, известува Словенечката новинска агенција.

Според одлуката на директорот на Агенцијата за цивилна заштита, мерките за спречување на ширењето на епидемијата со новиот корона вирус предвидуваат и употреба на просториите на образовните институции за прием на вработените од стратешките сектори на економијата или секторите за национална безбедност.

Важно е да се нагласи дека строгиот карантин и мерките за навремено известување и изолација на граѓаните преку сите надлежни служби и со помош на волонтерите, помогнаа да се запре епидемијата во Кина и во одреден дел да се локализира во Јужна Кореја. Оттука потојат доволно причини да се очекува дека спомнатите мерки ќе дадат позитивен резултат и во Словенија.

Останете во добро здравје и убаво расположение!

Извори: rtvslo.si, siol.net