Словенија е една од најбезбедните земји во светот – рангирање Global Finance Magazine

Согласно рангирањето на изданието Global Finance Magazine, Словенија со индекс 7,44 го зазема 12-то место помеѓу 128 земји во светот, кои што биле вклучени во рангирањето. Повисок индекс на безбедност имаат само Италија, Швајцарија, Финска, Португалија, Австрија, Норвешка, Катар, Сингапур, Данска, Нов Зеланд и Канада.

Во подготовката на рејтингот учествувале експерти од Светскиот економски форум и Светскиот институт за мирот.

Клучни критериуми во рангирањето на државите – степенот на криминалитет, степенот на тероризам, присуството (отсуството) на воени дејствија. Првите 16 од 20 држави од рангирањето се во Европа.

По мислење на авторите на рангирањето, индексот на безбедноста директно е поврзан со високите показатели на економскиот развој, ризикот од природни катастрофи , микроклимата во општеството и квалитетот на медицинските услуги. 

Извор: gfmag.com