Словенија е меѓу 5-те најчисти земји во светот

Словенија е една од најчистите земји во светот, според Дру Бински – светски познат патувач и блогер, кој ја има посетено скоро секоја земја на планетата.

Photo: pixabay/Walkerssk

Бински ја посетил Словенија два пати и навистина бил пријатно изненаден од тоа колку е чиста земјата: „Во Словенија бев два пати, последен пат минатото лето каде што имав можност да ја превозам целата земја и, о Боже, таа е една од нај зелените места во светот. Словенија е трета земја во Европа по шумски површини и во 2016 година беше прогласена за прва сертифицирана зелена дестинација во светот. Посетив многу мали места и градови, но сметам дека главниот град Љубљана е одличен пример за тоа колку е чиста целата земја. Сѐ е совршено одржувано, добро чувано, луѓето се многу љубезни, шармантно е, тивко е, толку е зелено и пријатно и само кога зборувам за тоа сакам да се вратам таму и доколку одите во Словенија, морате да ми ветите дека ќе одите на северот на земјата до езерото Блед“.

Дру Бински е американски патувачки блогер. Тој ги документира неговите патувања на YouTube каналот и на други социјални медиуми. До сега, тој има посетено 191 земја во светот и имаше во план да ги посети сите земји во светот до јуни 2020 сѐ додека пандемијата на корона вирусот ги остави неколкуте останати не посетени земји на чекање.

Извор: travelslovenia.org